Најмалку 14 лица загинаа во лизгање на земјиште во Камерун

Најмалку 14 лица загинаа во лизгање на земјиштето по поројните дождови во западниот дел на Камерун, соопштија денеска локалните власти.

Се проценува дека 40 други се заробени под земјата и во тек се спасувачки операции по синоќешната катастрофа во градот Бафусам, изјави за ДПА гувернерот на регионот Ава Фонка Августин.

Тој рече дека засега може да се потврди дека 14 се мртви, а 40 се сметаат за исчезнати, дополнувајќи дека смртниот биланс најверојатно ќе биде поголем.

Треба да знаете
Последни објави