Огнот дивее на Стара планина, вонредна состојба во Трговиште

Поголема површина на југот и југоисточниот дел од Србија е зафатен со пожари. Бројни противпожарни единици се распоредени на Стара планина и во околината на градовите Трговиште и Врање. Во Трговиште е прогласена вонредна состојба.

На Стара планина, на југоистокот кон границата со Бугарија во гасењето на огнената стихија ангажирани се околу 200 противпожарни работници со 29 возила, а нив им помагаат и 50 припадници на специјалните полициски единици од жандармеријата, како и месно население. Според наделжните кои раководат со оваа акција за справување со пожарите станува збор за непристапни предели кои им ја отежнуваат работата.

-Се работи за големи височини. Некаде има и висина од 1.900 метри каде гори оган. Непристапно е и имаме проблем како да стигнеме до жариштето. Пешачењето од два-три часа е со опрема тешка 25 килограми. Што се однесува до интервенцијата од воздух, најпрво ќе биде направено снимање на теренот и да се утврди дали може да бидат употребени хеликоптерите – вели Владо Племиќ, помошник началник во Управата за противпожарна заштита и цивилна заштиа при МВР на Србија.

 

Треба да знаете
Последни објави