СЕММ годинава бележи 60-тина жалби за неетичко и непрофесионално новинарство

Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) годинава бележи над 60 жалби за неетичко и непрофесионално известување, беше посочено на дебатата на тема „Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности” што денеска се одржа во Тетово. Освен дискусија за најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, како и за начините на кои дејствува СЕММ, учесници беа запознаени со механизмот за поднесување жалба до Комисијата за жалби на Советот.

-Сите податоци кои ги имаме статистички ги сумираме следната година, меѓутоа слободно можеме да речеме дека во текот на оваа година добивме над 60-ти жалби за неетичко и непрофесионално известување. Повеќето од нив се однесуваат на членот 1 од Кодексот на новинари, односно едностраното известуавње и некористење на повеќе извори на информации со цел известувањето да биде објективно и урамнотежено за една тема или прашање кое се обработува во медиумите, изјави Марина Тунева извршна директорка во Советот за етика.

Настанот е дел од одбележуавњето на неделата на писменост, во рамки на мрежата за писменост која е формирана од страната на Агенцијата за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги со повеќе партнери и над 50 членки.

-Се приклучлувиме на оваа иницијата зашто крајната цел ни е да и овозможиме на јавноста и на граѓаните не само да се вклучат во разбирањето на медиумските содржини и нивното полесно интерпретирање и препознавање на околностите во кои се случуваат дезинформации и говор на омраза, туку и да може да пријавуваат случај на непрофесионално и неетичко информирање, рече Тунева.

Ваквите дебати за само регулација се во насока за промовирање на добро новинарство, велат од Советот.

-Се обидуваме да поттикнеме дебата во општеството, бидејќи сме свесни дека лажните вести, прогандата, манипулицијата и злоупотреба на медиумите за цели на сопствениците се присуртни во медиумите. Сметаме дека ваквите теми ќе значат можност новинаритеда го вратат авторитетот кој го имаа во минатато, рече Сефер Тахири од Советот.

На дебатата беше посочено дека следува фаза на избори каде етичноста и професионалноста за работата на медиумите повторно ќе биде на тест и ќе се преиспитуваат новинарските практики.

Треба да знаете
Последни објави