СДСМ како одговорна партија останува посветена на остварување на ветувањата од „План за живот”.
Мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ покажуваат дека државата се движи на прав пат.
Силно сме посветени на справување со изворите на загадување на воздухот како единствено правилен пристап во решавањето на проблемот со аерозагадувањето.
Од таа причина покрај активностите кои се спроведуваат од Планот за чист воздух за 2019 година, како една од клучните мерки против загадувањето на воздухот е мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за домаќинствата кои се греат на дрва или на други нееколошки енергенси и уреди.
Домаќинствата од општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да бидат субвенционирани со по 1.000 евра, а мерката ќе ја добијат 10.000 семејства кои користат неефикасни уреди што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.
Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ допринесе овој проблем да заземе сериозен размер, но со конкретни мерки и интензивна соработка на централната власт со локалната самоуправа решавањето на проблемот со аерозагадувањето е на прав пат.
Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Северна Македонија, и во исто време клучна заложба на Владата предводена од СДСМ, со јасна политичка воља и низа на конкретни мерки кои се спроведени во изминатиот период.
Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето, кој треба да обезбеди постојаност и транспарентна имплементација на мерки во повеќегодишен временски период, со точно определена динамика и во сите области кои се директно поврзани со загадувањето на воздухот.
СДСМ останува на прав пат во борбата против загадувањето на воздухот.
Остануваме посветени да обезбедиме квалитетна и здрава животна средина и подобар живот за сите граѓани.