Шведски весник ја нарече Русија историски непријател на Европа

СВЕТШведски весник ја нарече Русија историски непријател на ЕвропаОбјавено пред 2 часа – 29 октомври, 2019Од Макфакс

Новинарите на шведскиот дневен весник „Дагенс Нихетер” ја нарекоа русија историски непријател на Европа и ја повикаа ЕУ да се обединат против Москва.

Според авторот на статијата, американскиот претседател Доналд Трамп ги предал сојузниците од НАТО донесувајќи одлука да ги повлече трупите од Сирија, што на крај се претвори во триумф на Русија.

„САД, ‘рбетот на aлијансата, тукушто дезертираа од Сирија, оставајќи ги своите курдски сојузници во рацете на друга држава членка на НАТО, Турција. Главниот победник во оваа драма, Русија на Владимир Путин, е историски непријател“, се наведува во статијата.

Во текстот се вели дека европските чланки на НАТО немале „план Б” во случај на таков развој на настаните. Според шведските новинари, ЕУ сега треба да се обедини против рускиот сосед кој се зголемува на сметка на Блискиот Исток.

„Државите од ЕУ треба да се држат заедно и да ја користат својата економска сила. Тие треба да им се спротивстават на авторитарните сили и во Русија и во другите региони“, заклучува весникот.

Треба да знаете
Последни објави