Џака одби да им се извини на навивачите на Арсенал

Капитенот на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, Гранит Џака одби да им се извини на навивачите за неговото однесување на првенствениот натпреавр со Кристал Палас (2:2).

Навивачите го исвиркаа 27-годишниот играч од средниот ред кога беше заменет. Како одговор, Џака ја стави раката до уво, испровоцирајќи ги навивачите уште повеќе да негодуваат, а потоа, на патот кон соблекувалната, го соблече дресот и го фрли на тревникот.

Според „Сан”, тренерот на „топчиите” Унаи Емери го замолил Џака да им се извини на навивачите, но тој не го сторил тоа.

Арсенал започна дисциплинска истрага за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави