Анкара: Курдите сè уште не се повлекле од североисточна Сирија

Курдските народни безбедносни сили сè уште целосно не се повлекле од појасот во североисточна Сирија кој треба да го напуштат, изјави денеска денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, неколку часа пред истекот на рокот за повлекување утврден со договорот меѓу турскиот и рускиот претседател.

– Се чини дека терористичката организација на народните заштитни сили сè уште е на подрачјето на операцијата извор на мирот, рече Акар за весникот „Сабах”.

Тој додаде дека борбата против тероризмот сè уште не е завршена и оти Анкара е свесна дека нема да заврши.

Според договорот кој пред една недела во Сочи го постигнаа претседателите Путин и Ердоган, сириските гранични единици и руската воена полиција треба да ги преместат курдските сили и нивното оружје 30 километри од границата со Турција до денеска во 18 часот по локално време.

По тој рок, руските и турските сили ќе почнат со заеднички патроли на подрачје од 10 километри од сириската страна на границата.
Претходно, Анкара постигна договор со САД за прекин на огнот со кој во североисточна Сирија беше стопирана операцијата „извор на мирот” против Курдите кои Анкара ги смета за терористи.

Турција тврди дека во пограничниот град Манбиџ има уште околу 1.000 борци и уште илјада во блискиот Тел Рифат.

Двата града се наоѓаат во западниот дел на подрачјето кое Турција сака да го претвори во „безбедносна зона” во која би се вратиле сириските бегалци.

Треба да знаете
Последни објави