Ајкула нападна британски туристи во Австралија

Двајца британски туристи се тешко повредени во напад на ајкула, додека нуркале во Австралија, соопштија властите.

Ајкулата на едниот турист му го одгризала стапалото, а на вториот ногата.

Туристите на возраст од 22 и 28 години, нуркале на островот Витсандеј кога се случил нападот, јави „АП“.

Спасувачите со чамец ги извадиле нуркачите на копно, од каде со хеликоптер биле превезени во болница во градот Макај, и се наоѓаат во сериозна, но стабилна состојба.

Од болницата соопштија дека 28-годишникот го загубил стапалото.

Во ноември, минатата година, ајкула уби 33-годишен маж во Витсандеј, а два месеци претходно нападнати беа двајца туристи, од кои 12-годишно девојче ја загуби ногата.

Зголемениот број на напади од ајкули, би можело да ја загрози посетеноста на светски познатата туристичка дестинација, наведе „АП“.

Треба да знаете
Последни објави