Тепачка во струшкото средно училиште “Нико Нестор” – група ученици вчера на пладне во кругот на школото физички нападнале соученик,а со тупаници се нафрлиле и врз професорка која се нашла сред толпата ученици, обидувајќи се да ги раздвои.
Ова е полициската верзија за инцидентот, дирекорот на “ Нико Нестор “Миле Попоски, вели дека банална расправија помеѓу 6 ученици од 2-ра, 3-та и 4-та година од различна етничка припадност брзо преминала во групна тепачка,а едно дете за среќа со лесни телесни повреди завршило во болница. Попоски кој кажа дека на учениците кои не го почитувале кодекст на училиштето им биле изречени педагошки мерки,тврди дека во тепачката не била нападната професорка.
“Разговаравме и со професорката, таа вели јас бев тука присутна учествував во смирувањето на конфликната ситуација.Не бев нешто нападната, меѓутоа беше да речам едно туркање меѓу учениците, инаку конкретно за напад на професор не станува збор, изјави Миле Попоски- дир.на “Нико Нестор”
Попоски не ја крие загриженоста по вчерашниот инцидент,се прават вели напори да нема насилство во училиштето,туку соработка, блискост и дружење.
Вчерашната тепачка помеѓу учениците траела кратко, така што малкумна и одолните продавници успеале да ја видат. Ги прашавме дали овој инцидент во мултиетнилка Струга,ги вознемири?
Мислам дека тоа е работа помеѓу децата, обично знаете во тие години се што меѓусебе имаат некои инциденти кои што не веруваме дека може да влијаат; Сигурно е некој издвоен инцидент ; Не знам , не слушнав; велат граѓаните.
Целиот линк прочитајте го тука: https://alfa.mk/banalna-raspravija-se-pretvorila-vo-masovna-tepachka-vo-uchilishteto-niko-nestor-vo-struga/?fbclid=IwAR2wjAVUi_WGgtLQgC7CZqlbalBQ9rLUBc-128NaU6O2jdUzxwoX6MN_qyk