Винона Рајдер е уникатен феномен во светот на филмот. Поради големиот талент, мистериозната харизма и специфичниот изглед, честопати се појавува во мрачни филмови или оние со црн хумор, а денес го прославува 48. роденден.
Еден од поинтересните моменти во животот на актерката бил оној кога таа на промоцијата на романтичната комедија „Destination Wedding“ со актерот Кијану Ривс (55) дознала дека случајно се венчале пред 27 години. Имено, режисерот на крајот од снимањето на „Дракула“ не бил задоволен од стилизираната сцена на свадбата на Мина и Џонатан, па решил да сними друга, но вистинска сцена од свадбата, исто како што би изгледало според православниот обред. Така, сцената е снимена во вистинска грчка православна црква во Лос Анџелес, а обредот го водел вистински свештеник.
Во декември 2001 година, Рајдер беше уапсена за кражба на Петтата авенија во Беверли Хилс. Таа беше обвинета за кражба на дизајнерска облека и накит вреден повеќе од 5.000 американски долари и е осудена на три години условна казна, 3.700 долари парична казна и 6.300 долари обесштетување. Актерката тврди дека тоа се случило во време кога страдала од клиничка депресија. Меѓу другото, таа е обвинета и за земање дрога и лекови за кои не добила рецепт.