Продемократскиот активист Џошуа Вонг денеска изјави дека е отфрлена неговата кандидатура за претстојните локални избори во Хонг Конг.
„Остро го осудувам фактот дека владата се занимава со политичко филтрирање и цензура, и ме лишува од моите политички права”, напиша на Фејсбук овој 22-годишен студент на политички науки.
Џошуа Вонг, и како тинејџер, во 2014 година бил еден од предводниците на големите продемократски протести во Хонг Конг.
Портпаролот на владата изјави дека кандидатурата на Вонг е отфрлена затоа што тој го бранел правот на Хонг Конг на самоопределување, што е во спротивност со духот на Основниот закон на оваа поранешна британска колонија.
Протестите во Хонг Конг се оддржуваат секој викенд од почетокот на јуни.