Во пожар во САД загинаа 19 коњи вредни три милиони долари

Деветнаесет изложбени коњи загинаа во северозападниот дел на американската држава Џорџија во штала што се запалила во текот на викендот, соопшти пожарникарската служба. Коњите настрадале кога силните ветрови го разгореле огнот кој најверојатно избувнал во сламата, соопшти локалната полиција. Кога пристигнале пожарникарите, во шталата пронашле 19 мртви коњи, пренесува АП.

Сопственикот Блејк Кернеј во тоа време бил надвор од градот на изложба на коњи, а чуварот кој живеел во близина успеал да се спаси заедно со кучето и едно пони. Иследниците сметаат дека пожарот бил случаен, а штетата изнесува колку што вределе коњите околу три милиони долари, како и 10 000 долари за шталата.

Треба да знаете
Последни објави