Грчката крајбрежна стража интервенираше утрово во три одделни инциденти во Егејското море и спаси 112 мигранти и бегалци.
Во првиот случај, патролниот чамец на крајбрежната стража откри гумен чамец во кој имало 27 мигранти кои биле спасени и префрлени во Александрополис.
Потоа, бил пријавен уште еден чамец, во кој имало 42 лица, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.
Патрлниот чамец на крајбрежната стража лоцираше и спаси уште 47 мигранти и бегалци кои беа префрлени во пристаниште на Самос.