– Бугарската фудбалска федерација ќе треба да плати казна од 85.000 евра, а националниот тим на нашиот источен сосед следните два меча како домаќин ќе треба да ги игра без присуство на публика.
Тоа се казните кои ги изрече дисциплинската комисија на УЕФА, по повод нацистичкото и расистичко однесување на дел од публиката во Софија и исвиркувањето на гостинската химна пред и за време на натпреварот Бугарија – Англија од квалификациите за ЕП 2020, одигран на 14 октомври.
Казна од 10.000 евра ќе платат и Англичаните, чии фанови ја исвиркаа бугарската химна, како одговор на тоа што се случи кога се интонираше нивната химна. После мечот, уапсени беа 12 лица, а оставки си поднесоа селекторот и претседателот на бугарската федерација.