Дендиас: Заев ги искористува проблемите што ги содржи Договорот од Преспа

Господинот Заев уште еднаш ги искористи проблемите што ги содржи  Договорот од Преспа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во однос на интервјуто на премиерот на Северна Македонија.

Во писмената изјава објавена од неговата политичка канцеларија, шефот на грчката дипломатија вели дека Грција има за цел преку европскиот пат да ги реши проблемите и да ги ублажи негативните последици од договорот и додава дека тие ќе продолжат тесно да го следат „целосното исполнување на обврските на соседите”, jави дописничката на МИА од Атина.

-Господинот Заев уште еднаш ги искористи проблемите што ги содржи во Договорот од Преспа, кои што ги знаевме и за кои предупредувавме. Договорот веќе даде резултати и Северна Македонија ги користи бенефициите бидејќи е отворен патот кон НАТО. Нашата цел е преку европскиот пат да ги решиме проблемите и да ги ублажиме негативните последици од договорот. И за таа цел, ние ќе продолжиме тесно да го следиме целосното исполнување на обврските на соседите, пишува во изјавата на шефот на грчката дипломатија.

Дендиас паралелно ја повикува опозициската СИРИЗА „конечно да размисли за нејзината одговорност за дефицитното ерга омнес” и додава дека Грција со одговорност и самодоверба се враќа на водечката улога на Балканот и во поширокиот регион на источниот Медитеран.

Треба да знаете
Последни објави