Со ребалансот на Буџетот за 2019 година дополнителни 421 лице добиваат неповратни средства од Програмата за самовработување.
Овие лица по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.
Самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, односно до 10.000 евра ако се двајца содружници.
Оперативниот план за вработување дава реални и видливи резултати. Тоа е една од клучните мерки за намалување на стапката на невработеност, која денес изнесува рекордно најниски 17,5 отсто.
Владата предводена од СДСМ е посветена на заложбите за поголема поддршка на отворање нови бизнси. Доказ за тоа е фактот што во последните 3 години, средствата за Програмата за самовработување се зголемени повеќе од два пати во споредба со периодот од 2007 до 2016 година.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат намалување на невработеноста, отвоање нови и добро платени работни места, повисоки плати и повеќе пари назад кај граѓаните.