Годинава за прв пат е објавена анализа за загадувањето од метан што се создава за време на 16-дневната забава Октоберфест во Минхен. Загадувањето го мереле истражувачи од Техничкиот Универзитет во Минхен. Тие за за цело време додека траел фестивалот на кој присуствуваат над 6 милиони луѓе и пијат над 7 милиони литри пиво и 100.000 литри вино, а јадат половина милион кокошки и 250.000 колбаси, кружеле со велосипед околу локацијата на која се одржува фестивалот и го мереле загадувањето.
Инструментите покажале дека фестивалот испуштил 1.500 килограми метан, што е 10 пати повеќе отколку Бостон во истиот период. Најголемиот дел од загадувањето со метан според научниците е од протекување и од нецелосно согорување за време на готвењето колбаси за поситителите. Тие стигнале и до бројка од околу 10% од загадувањето е од подригнување и испуштање гасови од посетителите.
Инаку, метанот, по јаглерод-двооксидот, е вториот најчест стакленичен гас што е создаден од човекова активност. Иако има пократок животен век, тој е далеку поефикасен од јаглерод-двооксидот во затоплување на атмосферата и на него отпаѓа околу 20% од глобалното загадување.