Кејт Бланшет зрачи со елеганција на модно снимање, и вели не би се глумела себе си во филм

Таа е актерка која е позната по нејзина филантропска работа, па не е ни чудо што ќе биде наградена на специалната церемонија на доделување награди „Жени на годината“ ( Women of the Year Awards 2019 ).

Настанот го организира Харпер Базаар во партнерство со Армани Бјути.

Сепак, и покрај високитe признанија, Кејт Бланшет за време на разговорот со „Harper’s Bazaar“ рече дека не е заинтересирана да игра верзија на себе на големиот екран.

Покрај интервјуто, хероината на филмот „Blue Jasmine“ (50), позираше во низа сензационални модни парчиња, прилепени за тело, со привлечни риги, вклучувајќи и шарен монохроматски фустан, кој таа го крена во воздухот за време на снимањето.

Амбасадорот на убавина на Армани на себе имаше совршена и ненаметлива шминка, беспрекорна подлога и суптилен замаглен поглед или „smokey-eye“ имиџ.

Кејт призна дека не би сакала да игра лик близок на сопствената личност. „Никогаш не сум заинтересирана да се прикажувам себеси. Според мене, себично, секогаш треба да се обидуваме да ја разбераме перспективата на некој друг.“ рече таа

Треба да знаете
Последни објави