Курдите тврдат дека шпион му ги украл гаќите на ал-Багдади за да биде идентификуван

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, е идентификуван со помош на ДНК анализа на неговите гаќи кои му ги украл курдски шпион пред да биде убиен, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извор од Сириските демократски сили предводени од Курдите.

https://twitter.com/PolatCanRojava/status/1188878110126678017

Полат Кан, виш советник на курдската полиција, до детали објаснил како нивните разузнавачки служби им помогнале на Американците да го лоцираат и да го идентификуваат ал-Багдади.

„Нашиот извор, кој беше во можност да стигне до ал-Багдади, ни ги донесе неговите гаќи за да направиме ДНК анализа и да бидеме 100 отсто сигурни дека станува збор за ал-Багдади“, рекол Кан.

Според него, неколку часови биле во прашање пред акцијата на специјалците на САД и преместувањето на ал-Багдади на нова локација.

Кан рекол и дека Курдите, за чија улога во лоцирањето, идентификувањето и убиството на ал-Багдади зборуваше и американскиот претседател, Доналд Трамп, работеле на случајот од 15 мај заедно со агентите на ЦИА.

„Ал-Багдади се спремаше повторно да ја смени локацијата, односно да се премести во градот Јараблус, кога се случи операцијата на американските командоси“ додал тој.

„Сите разузнавачки податоци како и идентификацијата и пронаоѓањето на неговото засолниште се резултат на нашата работа. Нашиот разузнавач испраќаше координати, ги насочуваше воздушните напади, учествуваше и направи таа операција да биде успешна до последен момент“, истакнал Кан.

Треба да знаете
Последни објави