Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми го совладаа Пекинг СУ со 36:28 во дуел од СЕХА лигата.
Македонскиот тим доминираше во првото полувреме кое го доби со 21:10, а потоа второто полувреме беше само формалност и рутинско доработување на задачата. Искусниот Чупиќ играше на неприродна позиција за него, а Криштопанс настапи само во првото полувреме.
Со оваа победа, Вардар се изедначи со Мотор на чело на табелата во групата А, со по 12 бода од пет кола. Пелко и Ќосевски со по 7 гола, и Димитриоски со 6, беа најефикасни во тимот на тренерот Кокшаров.
Следниот настап на „црвено-црните” во регионалната лига е на 4 ноември, на домашен терен против Војводина.