Во прифатниот центар за мигранти „Мирал“ во велика Кладуша двајца мигранти се заразени со маларија, соопштија официјални претставници во БиХ.
„И минатиот месец едно лице беше заразено со маларија“, изјави министерката за за здравство на Унско-санскиот кантон Нермија Чемаловиќ.
Меѓу мигрантите досега се регситрирани заболени од сида, хепатитис Б и Ц и туберколоза, пренсе дневниот весник „Дневни аваз“.
Чемаловиќ навела дека ресоното минитерство секоја недела добива извештај за здравствената состојба на мигрантите од сите прифатни центри на подрачјето на овој кантон – „Мирал“, „Бира“, „Детскиот дом во Боричи“, „Сидра“ и „Вучјак“ .
Според неа, заболените мигранти, штом малку заздрават на инфективно одделение, бегаат од болницата, па нивното движење потоа е без надзор од властите.