Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил Фестивал 2019“

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за 10.издание. Финалната вечер ќе се одржи на 6 декември во Кинотека на Северна Македонија кога ќе бидат прогласени победниците.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а истите претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил Фестивал“. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување – 20 ноември 2019 година.

Филмовите можете да ги пријавите на следниот мејл mobifestkonkurs@gmail.com.

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за следните награди: за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“, за најинвентивен филм, за најоригинална приказна, за најдобра идеја и награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти.

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил Фестивал“. Организатор на „Мобил Фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“.

Треба да знаете
Последни објави