Поранешните вработени во ОХИС денеска пак ја блокираа улицата „Рекорд“ во центарот на Скопје. Протестот тргнува од Работнички универзитет „Кочо Рацин“, продолжува пред Собрание, потоа пред Министерство за правда и на крај завршува пред Влада.
Тие секој вторник и петок ги потсетуваат властите дека треба да им се исплатат 24 плати и придонеси од плата за 16 месеци.
Според информациите, поранешните вработени имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година. Пред три дена поранешните вработени на „Охис“ добија ветување од Владата дека во петок, односно денеска ќе имаат средба.