Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека во координација со директорот на машките репрезентации, Милчо Чакарески, заеднички донеле одлука за прекинување на соработката.
Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, а поради персонални професионални ангажмани, тој се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации.
Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата.