Сите сметки на Телеком Косово се блокирани поради обврските на оваа институција кон Даночната администрација на Косово, пренесува инфо.кс.нет.
Вестта ја потврди и извршниот директор на Телеком Бедри Истрефи. Тој рече дека побарале разбирање од Даночната служба и да им се овозможи долгот да го исплатат на рати, но тоа не им било одобрено.
Тој оцени дека неуспехот на Даночната администрација да пронајде решение ја загрозува не само исплатата на платите на вработените, туку и фирмата ја носи пред банкрот.
– Важечките закони се на наша страна, бидејќи Даночната служба мора да води сметка и за добробитот на вработените и за судбината на компанијата, која со оваа постапка ризикува банкрот, истакна Истрефи.