Претседателот на каталонската влада, Квим Тора, ги повика шпанските власти да дозволат уште еден референдум за независност на овој регион од Шпанија.
„Ние сме подготвени да седнеме на преговарачката маса без предуслови“, рече тој во интервјуто за ТАСС.
„Каталонската влада ќе се залага за референдум за независност што би бил договорен со централната власт“, додаде тој.
„Јас секогаш ги поддржувам дијалогот, ненасилството и правото на самоопределување“, рече Тора.
„Се обидувам да контактирам со шпанскиот премиер веќе пет дена на телефон, но тој не сака да одговори“, продолжи лидерот на Каталонците.
„Според наше мислење, ова не е ништо друго освен најнеодговорно однесување на Шпанија, таа мора да ја слушне Каталонија“, рече Тора.
Според него, тоа не е криза на Каталонија туку на Шпанија.