ХРВ: Грција да го повлече нацрт законот за мигранти

Грција би требало да го повлече нацрт законот со кој се ограничува пристапот за заштита на барателите на азил од Сирија, Ирак и Авганистан, соопшти организацијата „Хјуман рајтс воч“.

„Законот е обид да се блокира пристапот за заштита и да го зголеми бројот на депортации поради зголемен број на пристигнувања на мигранти“ рекла Ева Косе, истражувач за Грција во хуманитарната организација.

ХРВ наведува дека нацрт законот, за кој ќе се расправа во парламентот оваа недела, го олесни задржувањето на мигрантите на подолг период и ги лиши ранливите луѓе, вклучително децата без придружба, од неопходната заштита.

Треба да знаете
Последни објави