Британската Влада ќе се согласи на амандманот на опозицијата заради изборите

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон ќе се согласи на амандманот изнесен од опозициските партии за одржување на изборите на 11 декември, објави денес „Би-би-си“, повикувајќи се на неименувани извори од канцеларијата на Џонсон.

Вчера Џонсон изјави дека ќе се обиде во парламентот да го протурка законот за одржување избори на 12 декември, но противниците сакаа порано датум, објави „Ројтерс“.

Британскиот премиер, кој вети дека брегзит ќе се случи на 31 октомври по секоја цена, постојано повикува да се одржат избори за да заврши, како што вели тој, „кошмарот на парализа што ја одзема довербата на јавноста, спречувајќи каков било исход на брегзит“ .

„Нема да дозволиме оваа парализа да продолжи и на еден или друг начин треба да одиме директно на избори“, рече Џонсон вчера во парламентот.

„Овој дом (долниот дом на британскиот парламент) не може да ја држи оваа земја како заложник“, рече Џонсон.

Треба да знаете
Последни објави