Во близина на Драч уловена ајкула тешка 450 килограми

Присуството на ајкули во албанските морски територијални води станува нормална појава. Во период од една недела во мрежите на албанските рибари од пристанишнот град Драч, уловена е уште една ајкула од видот „тигар”.

Рибарите се дел од екипажот на рибарскиот брод „Челепиа”, од каде потврдуваат дека ајкулата е уловена на длабочина од 130 метри, долга е 4,5 метри, а тешка околу 450 килограми.

„Чудовиште” од истиот вид, со тежина од 500 килограми, пред една недела беше уловено во мрежите на рибарите од бродот „Медуза” од Драч, на длабочина од 170 метри.

Деновиве според тиранската телевизија Топ канел во Јонско Море, кај Химара, уловена е ајкула од видот „дем” што се смета за втора најсмртоносна ајкула по белата. Ајкулата била тешка 100 клограми и долга два и пол метри. Во Јадранско и Јонско Море, од страна на албанските рибари, последните години уловени се повеќе од дваесет ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег.

Ајкулите се со тежина од 100 до 500 клограми, а нивното месо завршува во угостителските објекти

Треба да знаете
Последни објави