Во Египет полицијата уби 13 милитанти

Египетските власти соопштија дека еден полициски регрутер бил убиен во нападот на милитантите во северниот дел на Синајскиот Полуостров. Нападот се случил во градот Шеик Зувеид и во него се повредени уште тројца други полицајци, кои се згрижени во локалната болница.

Официјални лица исто така потврдија дека 13 милитанти се убиени во одвоена акција во медитеранскиот крајбрежен град Ал-Ариш ел Обур денес, пренесува АП.
Полицијата пронашла оружје и експлозив во скривалиштето, а во идентфикување на телата на загинатите работат форензички екипи.

Египет со години се бори против бунтот што го води член на Исламската држава во Синај, а кој повремено се прелева во други делови на земјата.

Треба да знаете
Последни објави