Турските борбени авиони Ф-16 влегоа денеска во грчкиот воздушен простор без дозвола, соопшти грчкиот Генералштаб.
Тие летаа над островот Липси околу 12,30 часот по локално време, на надморска височина од околу 24 000 стапки, јавува АНА.
Тие биле пресретнати од грчки борбени авиони според меѓународни стандарди.