Кондуктер натерал патници без карти да скокнат од воз

Во Египет е уапсен кондуктер кој приморал двајца сиромашни млади улични продавачи да скокнат од воз во движење бидејќи немале карти, што довело до смрт на едниот од нив.

Вториот човек кој скокнал од возот не е повреден.

Инцидентот се случил вчера во градот Танта и предизвикал бес кај јавноста, откако видео од расправијата помеѓу кондуктерот и останатите патници што следела, станала вирална на социјалните мрежи.

Се бара и оставка на египетскиот министер за транспорт, пренесе „АП“.

Властите соопштија дека кондуктерот им побарал на младите луѓе да платат карта, но дека тие одбиле. Потоа тој ја отворил вратата од вагонот за да скокнат.

Кондуктерот ќе остане во притвор до крајот на истрагата.

Треба да знаете
Последни објави