Либанскиот премиер поднесе оставка

Либанскиот премиер Саад ал Харири поднесе оставка, во период кога во земјата се случуваат немири поради најавените економски реформи. Во обраќање до нацијата тој истакна дека ќе ја поднесе оставката на својата Влада до претседателот Мишел Аун.

Речиси две недели траат протестите во Либан. Демонстрантите бараат оставка од Владата поради големото незадоволство во јавноста по откриените случаи на корпуција, во кои се вмешани политичари од владејачките партии.

Треба да знаете
Последни објави