Најмалку 18 загинати при растурање на протести во Карбала

Најмалку 18 лица загинаа во текот на растурањето на протестот во ирачкиот град Карбала, во централниот дел на земјата, соопшти Тасс, повикувајќи се на телевизијата Ал Арабија, која,пак, цитираше медицински извори.

Спордд медиумите, припадниците на полицијата употребиле огнено оружје во растурањето на протестот, организиран против корупцијата и економските проблеми во земјата.

Овие податоци за загинати не се официјално потврдени од независен извор.

Порталот Мавазин њуз, повикувајќи се на податоци на Ирачката врховна комисија за правата на човекот, вчера соопшти дека од крајот на минатата недела најмалку 82 лица се загинати во новиот бран насилства низ земјата.

Протестите во Ирак почнаа на почетокот на октомври.

Треба да знаете
Последни објави