Нов Предлог-закон за гаранција за да се заврши автопатот Кичево – Охрид

– Владата на седница го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на автопат  делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу „Експорт – импорт” банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Прес-службата соопшти дека е донесен заклучок тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 170 од Деловникот на Собранието.

– Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства за да се заврши автопатската врска Кичево – Охрид за трајно решавање на утврдените проблеми при досегашното изведување на работите и да се обезбеди брз и сигурен сообраќај на овој значаен патен правец, соопшти владината прес-служба.

Треба да знаете
Последни објави