Нови протести во Чиле и покрај реконструкцијата на Владата

Нови протести и напади врз продавници избувнаа денеска во Чиле, и покрај тоа што претседателот Себастијан Пинера ги замени осумте клучни министри, во обид да обезбеди поголема еднаквост и подобри социјални услуги во земјата.

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот Сантијаго.
Една група запали зграда во која се наоѓале продавници за погодности и ресторан за брза храна, додека други нападнале аптека.

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот Сантијаго. Една група запали зграда во која се наоѓале продавници и ресторан за брза храна, додека други нападнале аптека. Некои демонстранти се обидоа да ја запалат метро станицата.

Во исто време, стотици илјадници луѓе се обидоа да се вратат дома од работа со бесплатните автобуси, кои беа испратени да ги заменат возовите кои не сообраќаат, откако десетина метро станици изгореа во протестите минатата недела. Огнови по улиците, скршени прозорци и графити против Пинеро со кои се повикува на револуција е сликава која деновиве доаѓа од Чиле.

Пинера претходно ги замени министрите за внатрешни работи, финансии, економија, труд и четири други оддели со помлади и повеќе центристички ориентирани функционери.

Неговата влада, сепак, не ги објави денеска мерките побарани на 10-дневните протести поради лошите социјални услуги и високи трошоци за живот во една од најпросперитетните и модерни држави во Јужна Америка.

Треба да знаете
Последни објави