Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски го постигна својот прв гол во дресот на Ним на еден официјален натпревар.
Репрезентативецот Стојановски, кој летоска изненади многумина со трансферот од Ренова во францускиот прволигаш Ним, не добива преголема шанса на лигашките мечеви, но вечерва во Лига Купот на Франција, беше стартер, и во 87 минута даде гол од пенал во победата на Ним од 3:0 против Ленс.
За Стојановски ова е првпат да биде стартер, и постигна прв погодок како играч на Ним, па можеби во иднина ќе почне да добива поголема минутажа и на лигашките натпревари.