Рама: По одлуката на ЕУ од 18 октомври, ништо не е исто

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека очигледно Европската Унија нема ниту волја, ниту капацитет во дијалогот со Белград и Приштина да биде решено косовското прашање, но и дека ЕУ често не си го одржува зборот, пренесе „Танјуг“.

Рама забележува дека ЕУ е далеку од решавање на косовското прашање.

„Интересирањето на ЕУ за ова прашање е значајно намалено и верувам дека тоа им е јасно на сите, особено по одлуката на Европската Комисија од 18 октомври“, рече Рама.

Помина долго време, вели Рама, а ЕУ повеќе не го споменува „случајот Косово“.

„Постојат случаи кога ЕУ не е доследна на својот збор, а случајот Косово е еден од најважните примери што покажуваат дека на Брисел му недостига капацитет да си го одржи зборот“, истакна Рама.

Треба да знаете
Последни објави