Тачи: Косово има модерна мултиетничка војска

 Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими денеска тимот на Безбодносните сили на Косово (ФСК), кој освои сребрен медал на штототуку завршениот меѓународен натпревар „Камбиан Патрол” што се одржа во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи во оваа прилика изјави дека Косово може да се гордее со својата модерна мултиетничка војска, за чиј развој, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, се заблагодари на државите сојузнички на Косово.

– Ова е само уште еден успех, бидејќи овој извонреден тим, овие подготвени војници, постојано постигнуваат успеси насекаде низ светот. ФСК се извонредно подготвена, мултиетничка сила, која веќе е спремна да помогне во јакнењето на мирот секаде каде што има потреба, изјави Тачи.

На традиционалниот патролирачки натпревар што се одржува во Велика Британија, годинава учествуваа 132 тима, меѓу кои и претставници од 34 земји од регионот и од светот. Златниот медал на овој, како што се нарекува „најтежок патролирачки тест во светот”, го освои специјалната единица на британската армија од базата Килкени

Треба да знаете
Последни објави