Турското Министерство за одбрана соопшти дека се заробени 18 лица, за кои постои сомневање дека се припадници на силите на сириската Влада, во близина на градот Рас ал Аин, северна Сирија.
Во соопштението од турското Министерство за одбрана се наведува дека Анкара за ова е во координација со руските власти.
– Осумнаесет луѓе кои тврдат дека се припадници на сирискиот режим се живи заробени во Рас ал Аин за време на претрес, извидување и безбедност, наведе турското Министерство за одбрана на Твитер.