„Анима мунди“ во соработка со Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет во Скопје, утре (четврток) со почеток од 12 часот ќе организира трибина насловена „НЕПРОВЕРЕНИОТ ОБРОК – вистинското значење на тоа што е во твојата чинија“.
Гостин на оваа трибина ќе биде Вик Шоудин – интернационален говорник и потпретседател на здружението за правата на животните Vegan Outreach, кој своето излагање досега го претставил на повеќе од 700 факултети во повеќе од 30 земји низ светов.
„Веганство како борба за правата на животните, правичност и правда; основен постулат врз кој се темели борбата против климатските промени, баланс во еко системот и заштита на се пооскудните природни ресурси. Растителна исхрана како заштита на човековото здравје. Важноста на активизмот за општественото унапредување“, ќе бидат дела темите на оваа трибина, се вели во најавата на „Анима мудни“ во која се додава дека станува збор за предавање кое нема никого да остави рамнодушен.