(Видео) Им удирала шлаканици на децата затоа што била вознемирана од вревата

Шеесет и двегодишната М. Р. од Бор, Србија, е парично казнета со 10.000 денари за тепање на две 10-годишни момчиња.

Според „Новости“, децата влегле во лифтот на зградата во јуни и по грешка се возеле на деветтиот, наместо на десеттиот кат. Во тој момент, жената излегла од станот и почнала да им удира шлаканици на момчињата кои излегувале од лифтот во тој момент.

Нападот врз децата го снимиле безбедносните камери во зградата.

Кога била сослушана, М. Р. за инцидентот изјавила дека била вознемирена од вревата и дека повторно би го сторила истото и би ги удрила момчињата.

По пресудата пред Прекршочниот суд, родителите на децата најавиле дека ќе поднесат приватна кривична пријава против жената што ги нападнала нивните деца.

Треба да знаете
Последни објави