Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на прес конференцијата на Зоран Заев, Венко Филипче и Ден Дончев
„Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и на заминување си поигруваат со здравствените работници. Наместено ветеното покачување на капитацијата на матичните лекари тие предизборно им нудат трошки.
Власта вети и излажа покачување на капитацијата од 55 на 90 денари за матичните доктори, додека за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо ветеното покачување сега ги залажува лекарите со само 8 денари повеќе. Со политиката на лажење Заев, Филипче и Дончев го бркаат медицинскиот персонал од Македонија.
Заев, Филипче и Дончев ќе останат запаметени само по корупција и криминал. А по ниту еден проект во здравството.
Се што фатија Заев, Филипче и Дончев уништија. Пропадна тендерот за биохемиски лаборатории, стерилизацијата на инструменти и опрема што се користат во хируршките сали ќе биде менаџирана од компанија за која се води судски спор во Албанија и во Италија, сведоци сме на фиктивно јавно – приватно партнерство за детска кардиохирургија.
Дисфункционалноста на здравствениот систем и неизвесноста која ја имаат пациентите, креира нервоза заради која медицинскиот персонал секојдневно под вербални и физички закани, листите за чекање на оперативен зафат или други медицински интервенции, не се јавни и не може да се следат, нема ништо од новиот клинички центар.
Лага е дека за специјалистите ќе имаат плата од 100 илјади денари.
Оваа Влада е на единствен пат, а тоа е да го стави јавното здравство на колена. Токму затоа повеќе од сигурно е дека граѓаните во април 2020 година ќе стават крај на ваквото владеење на Заев, и неговите министри и функционери.“