Затвореник од „Идризово“ со мобилен измамил фирма од Гостивар и ја олеснил за 108.000 денари

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Пријавениот – осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картичка, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

На 28.05.2018 пријавениот со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти, лажно претставувајќи се дека е вработен како менаџер за набавка во  фирма и во име на истата врши нарачка и набавка на трговска стока, ги довел и одржувал во заблуда одговорното лице во оштетената фирма од с.Вруток и одговорното лице на Подружницата на оштетената фирма и ги навел да му ја испорачаат нарачаната трговска стока во износ од 100.800 денари, која пријавениот не ја платил.

Треба да знаете
Последни објави