Зидан: Раул еден ден ќе стане тренер на Реал Мадрид

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, францускиот стартег Зинедин Зидан смета дека легендарниот напаѓач на „кралевите“ Раул заслужува некогаш да го предводи „кралскиот клуб”.

Поранешната „седумка” од Мадрид одигра 741 меч за Реал Мадрид, постигнувајќи 323 голови.

– Играв рамо до рамо со Раул. Тој одигра клучна улога во историјата на овој одличен клуб. Сигурен сум дека еден ден ќе стане главен тренер на Реал Мадрид, го цитира „АС” Зидан кој зборуваше за 25-годишнината од дебито на Раул во Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави