Модриќ: Да се почитува стилот на живот на Бејл

Играчот од средниот ред на Реал, хрватскиот фудбалски интеранционалец Лука Модриќ зборуваше во прилог на поддршка на соиграчот Герет Бејл. Велшанецот е критикуван за неговата игра, блискоста и затскриениот начин на живот.

– Бејл и јас сме слични. Ние сме скромни и молчеливи. Бејл добро го разбира и зборува шпанскиот јазик. Во соблекувалната има добра атмосфера, тој е во добра релација со сите играчи. Му се допаѓа Мадрид, сака да игра во најголемиот клуб во светот. Секој човек има свој животен стил и тоа мора да се почитува, изјави Модриќ.

Треба да знаете
Последни објави