Новинари за прв пат влегоа во затвор во кој се затворени пет илјади борци од ИД

Откако Турција започна офанзива насочена кон расчистување на североисточна Сирија од курдските борци, беа заробени и борци на Исламска држава. Многу од нив веќе долго време се затворени по курдските затвори, а еден од нив се наоѓа во сирискиот град Хасака. Новинарите од агенцијата АФП влегле во една од ќелиите при што пренесоа ексклузивна приказна за милитантите, сега во портокалови затворски костуми.

Ќелијата се наоѓа во сирискиот град Хасака. Во неа се наоѓаат десетици затвореници чии матични земји не сакаат тие да бидат слободни граѓани, но исто така не сакаат да примат назад.

Уште 5.000 затвореници – Сиријци, Ирачани, но и Британци, Французи и Германци се наоѓаат во затворот. Групата е обвинета за злосторства на територии кои некогаш биле контролирани од Ирак и Сирија, вклучително и масовни егзекуции, силувања и тортура. За најголем дел од злосторствата има и снимки.

„Сакам да го напуштам затворот и да одам дома кај своето семејство“, вели Асил Матан (22).

Тој го го напуштил својот дом во Велс кога имал само 17 години за да му се придружи на својот брат во Мосул, северен Ирак, каде се формираше калифатот на Исламска држава.

Кога неговиот брат бил убиен, тој се префрлил во Рака во Сирија, второто најважно терористичко упориште.

„Сакам да се вратам во Велика Британија“, изјавил тој за АФП, додавајќи дека жали што дошол.

Речиси третина од затворениците се пациенти на кои им е потребна итна медицинска помош.

Тие страдаат од тешки болести како сида и хепатитис, а многу од нив имаат отворени рани на телото.

Лекарското одделение на затворот има капацитет од само 300 легла

Треба да знаете
Последни објави