Почина најстарата жена во Русија, имаше 123 години

Најстарата жена во Русија, Танзилија Бисембeева од Астрахан, почина во 123. година од животот, а на нејзиниот погреб присуствувало целото село, соопштија локалните власти.

Според нејзините роднини, Бисембеева живеела со членовите на нејзиното семејство, пренесува ТАСС.

Родена е на 14 март 1896 година, имала четири деца, 10 внучиња, 13 правнуци и двајца чукунвнуци.

Пред три години Бисембеева била призната како најстарата личност на светот во Руската книга за рекорди.

Една година подоцна, откриена е Нана Шаова од Кавказ, која тогаш имала 127 години, и која се најде на врвот на таа листа, но таа почина на почетокот од оваа година.

Треба да знаете
Последни објави