Агенцијата „Ројтерс“ објави сторија за југословенската архитектура од социјалистичката ера, олицетворена во стил познат како брутализам, кој, како што се вели, уште еднаш предизвикува интерес, особено кај странските туристи.
Во објавата се вели дека објектите изградени во овој стил потсетуваат на бетонски вселенски капсули со необичен изглед кој предизвикува восхит кај новите генерации на архитекти.
Tекстот објаснува дека по Втората светска војна социјалистичка Југославија предводена од Јосип Броз Тито, започнала реконструкција на земјата уништена од војна. Исто така се нагласува дека иако првично сојузник со Советскиот сојуз, Тито се оттргнал од влијанието на Јосиф Сталин во 1948 година.
Масивни станбени блокови, хотели, граѓански центри и споменици од бетон, се изградиле низ целата земјa, пишува агенцијата.
„Архитектурата требаше да ја покаже моќта на една држава меѓу двата света – западната демократија и комунистичкиот исток, обидувајќи се да си создаде сопствен пат за социјалистичка утопија“, итсакнува автрот.
Агенцијата нагласува дека интересот за овој стил расте, особено по изложбата во Музејот за модерна уметност во Њујорк од 2018 година насловена како „Бетонска утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“.