Спасовски од трибината во Кавадарци: Нема друга алтернатива освен членството во НАТО и ЕУ, не прифаќаме квази сојузи како што најавуваат некои од ВМРО-ДПМНЕ

Нашата татковина нема друга алтернатива освен интеграција во НАТО и ЕУ и сојуз со прогресивните, демократски сили, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната трибина „На прав пат” во Кавадарци.
-Ако некој посакува да прави квази сојкузи во околината на нашата држава, ако смета Мицкоски дека ние треба да бидеме монета за поткусуравње и во изолација треба да излезе и да го каже а не да го кажуваат неговите членови на Извршниот комитет. Или како што велат дека нашата православна црвква дека е погрешен проект. Граѓаните нема да поддржат такви политики на изолација, на неизвесност. Нашата визија за полноправно членство во НАТО и ЕУ нема алтернатива. Затоа, граѓаните на 12 април ќе одлучат да продолжиме по вистинскиот, по правиот пат, рече Оливер Спасовски, на вечерашната трибина “На прав пат” во Кавадарци.
Треба да знаете
Последни објави